Искусниот прилепчанец за прв пат ќе игра надвор од Македонија: Од Прилеп се сели во Германија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија и довчерашен член на Прилеп, Пеце Ѓорѓиоски својата кариера ќе ја продолжи во Германија.

Фото/24 ракомет.мк

Ѓорѓиоски, кој на почетокот на оваа сезона ги засили редовите на Прилеп, е најновото засилување во амбициозниот тим на Цвикау.

Ова ќе биде прв интернационален предизвик за искусниот ракометар, кој во својата досегашна кариера освен за РК Прилеп играше уште и за Тутунски Комбинат, Пролет, Пелистер, Охрид, Работнички, Радовиш, Тиквеш и Струга.

Ѓорѓиоски беше од голема важност за РК Прилеп во досегашниот дел од Суперлигашката сезона, па неговото заминување ќе значи значително ослабување на клубот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.