Искусниот гладијатор Велески бара поддршка од публиката

Aмбициозниот тим на РК Прилеп, новата сезона во ракометната Супер лига ќе ја започе утре со дуел против РК Бутел. Натпреварот против екипата од Скопје прилепчани го играат со почеток од 19ч, а локацијата одново е спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.

Прилепчани сезоната ја почнуваат со нов спонзор и со повеќе засилувања, а тука се и неколкумината искусни играчи, кои останаа да ги бранат клубските бои предводени од капитенот Филип Велески.

Во изјава за “24Ракомет”, Велески ги сподели размислувањата за новата сезона:

Тој вели дека очекува со поддршка од публиката сезоната да ја започнат со победа. Исто така капитенот ја потенцира одличната атмосфера која владее во тимот, а за новајлиите вели дека одлично се вклопиле во новата средина. Велески истакна дека тимот е комплетен, а желбата за докажување која владее во таборот на прилепчани и добрата одбрана, ќе бидат клучни за прв триумф.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.