Празниците се време кога нашето внимание го свртуваме кон нашите најблиски, кон луѓето кои ни значат најмногу. Пакетот SN Eurohealth од СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува на најдобар начин и под најповолни услови да обезбедиме квалитетна здравствена грижа за себе и за семејството.
По повод велигденските празници СН Осигурителен Брокер АД Битола во рамките на промотивна кампања за доброволно приватно здравствено осигурување овозможува 15 отсто попуст.
Попустот важи за секоја нова полиса за доброволно приватно здравствено осигурување купена во рамките на акцијата која трае од 11 до 18 април.
Редовната цена на пакетот SN Eurohealth за доброволно приватно здравствено осигурување изнесува 515 денари месечно.
Искористете ја акцијата и за само 438 денари месечно обезбедете пристап до сите приватни здравствени установи во државата.
Приватното здравствено осигурување нуди бројни предности:
? Пократко време на чекање во здравствените установи ? Побрзо до дијагноза ? Подобра опрема за дијагностика и медицински третман ? Подобра здравствена услуга
Пакетот SN Eurohealth од СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи, при што се опфатени:
?Специјалистички прегледи ?Основни дијагностички мерења и снимања ?Стоматолошки услуги ?Лабораториски анализи и испитувања ?Амбулантски интервенции ?Трошоци за лекови – пропишани на розов рецепт над 300 денари ?Дневна болница и дневна хирургија, дијагностички и терапевтски зафати ?Болничко лекување со хоспитализација до три дена и без оперативен зафат
Договорот за ваков тип на осигурување се склучува за временски период во траење од една година. Осигурувањето важи на територијата на Република Северна Македонија, при што како осигуреници може да се јават сите лица до 65 години кои се дел од ФЗОМ.
За оваа промотивна понуда клиентите можат да добијат повеќе информации на веб-страницата на СН Осигурителен Брокер: www.snbroker.mk или на телефонските броеви: 075 807 225 /15 770 / 075 221 228.
Здравјето пред се!