Искористете го времето поминато дома да направите нешто хумано: Три девојки од Прилеп го прават токму тоа (Фото)

Ерика, Марија и Наја се девојките, кои мошне паметно и креативно се потрудиле да го ,,потрошат“ времето во карантин, почитувајќи ги препораките и мерките од Владата, за наше добро.

“Започнавме со тоа што зедовме 2 сложувалки со 1000 пазли, за интересна занимација, но кога увидовме дека за брз период успеавме да ги наредиме двете, дојдовме до идеја истите да земиме уште 3 нови, како би можеле да бидеме креативни, а и послушни. Откако ги наредивме двете сложувалки, дојдовме до идеја истите да ги подариме/донираме во Домот за стари лица во нашиот град, сметајќи дека со тоа би направиле добро, а и хумано дело. Во моментов работиме на уште 3 нови сложувалки кои се со детско-едукативна тематика, а по нивно завршување одлучивме да ги подариме во Дневниот Центар за деца со посебни потреби ,,Ѕуница“ во Прилеп”, велат тие.

И покрај работните обврски кои ги имаат Марија и Ерика, како и училишните обврски кои ги има Наја со online настава, тие успеваат да ги реализираат зацртаните планови, поведени пред се од мотивот кој го имаат дека некому ќе направат за момент добро дело, и со нивниот труд ќе разубават нечии простории.

Марија, Ерика и Наја се надеваат дека со ова ќе бидат пример за останатите млади, да ги почитуваат во поголема мера препораките и мерките, а сето тоа за наше добро.

“Седи си дома, биди креативен и биди хуман”, порачуваат тие.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.