Ученичка Исидора Мирческа од ООУ “Кире Гаврилоски” од осмо одделение, под менторство на нејзината наставничка Сузана Николоска, на дванаесеттиот фестивал “Алекса Шантиќ” за деца поети кој се одржа во Мостар, а во организација на СПДК “Просвјета Мостар”, освоија прво место. На фестивалот учествуваа деца поети од целиот регион.
Фестивалот траеше три дена, од 26. до 28. мај, а во конкуренција од 1.500 песни, избрани беа 11 финалисти.
-Во Домот на културата во Мостар, гордо се рецитираа стиховите на Македонски јазик. Достоинствено го претставивме нашето училиште, нашиот град и нашата Македонија. Со наградата понесовме прекрасни спомени од топлите прегратки на Мостар и гостољубивоста на организаторите, на најубавиот, најголемиот и најдобро менаџиран фестивал во регионот, вели менторката на Исидора, Сузана Николоска.