ИРОНИЈА: “За коледарчињата градоначалникот бил секуларен, ама по потреба и верник?!” (ФОТО)

Ако за Бадник беше секуларен, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, вчера беше присутен на осветувањето камен темелник за црковен храм во прилепското населено место Канатларци.

Имено, вчера во ова мултиетничко населено место, започна изградбата на црковниот храм кој ќе го носи името на Пресвета Богородица.

На осветувањето присутни беа припадници и од муслиманска вероисповед, а шансата за фотографирање ја искористи и Јованоски.

Прилепчани паметат дека истиот тој Јованоски на сам ден Бадник не ги прими повеќе од 200 коледарчиња со образложение дека “Традицијата треба да се култивира, а не да се примитивизира”.

Градскиот татко на Прилеп одби да ги прими бадникарите – не бил Дедо Мраз и бил неработен ден!?

“Се самопокани за домаќин на “Св. Никола” , па по 3 недели се секуларизира?!Што прави човеков??!”

Градоначалникот тогаш се повика на уставната секуларност на општината и функцијата градоначалник и верските традиции ги остави на МПЦ како институција.

Сепак, фотографиите во продолжение го кажауваат спротивното:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.