ИО на тyтyнapите: Tyтyнapи даваат пapи под рака за да дојдат до вагите и да го предадат својот труд

Ниту неколкуте средби со министерот за земјоделие и откупувачите, ниту средбата со премиерот Зоран Заев, не беше од помош за тутунарските маки.

Tутунот и понатаму се цени со класа до две подолу, наместо по класи се откупува по шифри, се чека со денови да се предаде родот и се бараат пријатели и партиски врски.

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на тутунарите, денеска пред новинарите излезе со скандалозна информација.

Тој вели дека тутунарите чекаат со денови и многу тешко доаѓаат до вагите. Тој истакна дека се прават списоци во кои нема редослед и дека некои од тутунарите даваат пари под рака за да го предадат тутунот кои го произведиле.

“Покатастрофален, полош откуп, никогаш немало во државава во последните 20 години”, вели Мирчески.

Сега тутунарите бараат нова средба со министерот и откупувачите, но и да се обратат пред пратениците во Собранието.

Од ИО стакнаа дека бараат 100 денари субвенција за предаден килограм тутун и обвинија дека во државата се врши нелегален увоз на тутун, со што дополнително се влошува нивната состојба.

Најпроблематично е во Долненско каде има производство од 9 000 тони, а досега се купени само 35 насто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.