Утрово на 78 годишна возраст почина Кирил Самарџиоски, долгогодишниот поранешен претседател на Управниот одбор на “Прилепска пиварница“.
Кирил Самарџиоски беше роден на 30 јануари 1943 година во Прилеп, од татко Георги и мајка Пандора. Дипломирал во 1966 година на Технолошкиот факултет во Скопје. По 40 годишен успешен работен век во пиварската индустрија, Кирил Самарџиоски се пензионира во 2007 година.
Прилепската Пиварница со софистицирана, најмодерна опрема за производство на пиво и безалкохолни пијалаци, во 2020г. со договор за дар, Кирил Самарџиоски, како мнозински сопственик и Претседател на одборот на директори на
„Прилепска пиварница“ ги подари акциите на деца, Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска.
Кирил Самарџиоски добитник е на бројни награди и признанија. Во 2014 година стана добитник на Третоноемвриската награда за животно дело.
Автор е на монографијата „ Сеќавања”.