ИН МЕМОРИАМ: Златко Богески – Ѕвер, синоним на прилепското и македонското карате

Уште една значајна и голема личност на македонското карате си замина од овоземскиот живот – Златко Богески – Ѕвер.

Богески е еден од првите каратисти во Прилеп од 1972 и е активен до 1993/1994 година.

Карате клубот Прилеп кој почна да функционира во 1972 година, а каде што главни и инструктори во тоа време се Кирил Иваноски – Дрцко и Борис Темоски – Бонтоно, во 1978 година, по студирањето во Скопје, Богески се враќа во клубот и носи новитети. Потоа се спојуваат неколку клубови во еден КК Прилеп.

Според многумина, оттогаш почнува вистинското спортско карате. По четири – пет години каратистите поминуваат во КК Енергоинвест, кој беше своевиден македонски дрим тим и настапуваше во Првата лига на Југославија.

За овој супер клуб натсапуваа: Златко Богески, Дрцко, Бонтоно, Златко Пирганоски, Петар Камчески, Тони Мечев, Љупчо Трајкоски и суперзасилувањата Јорго Огненовски, како врвен репрезентативец на Југославија, па Назим Куртовиќ, Игор Маџар, Димче Савевски.

Енергоинвест е републички првак, прв и во Втората лига, со што се пласира во Првата југословенска лига, каде што се натпреварува до распадот на СФРЈ. Енергоинвест го сметаа за еден од најатрактивните клубови во поранешна Југославија.

Извор: ipon.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.