Грчката полиција употребила солзавец врз насобраните луѓе кои денеска во близина на Преспанското езеро протестираа против договорот помеѓу Македонија и Грција.
Опонентите на договорот кој претпладнево се потпиша во селото Псарадес, вееле грчки знамиња и извикувале слогани обвинувајќи ја грчката влада за предавство.
Според она што го пишуваат грчките портали, полицијата употребила солзавец врз толпата кога некои од протестантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во селото.