Инцидент се случил вчера во позната дискотека во Прилеп. Како што информираат од МВР, 31-годишниот прилепчанец пријавил во полиција дека околу 03,20 часот отишол во ноќен клуб и откако влегол внатре во објектот без повод и причина В.С. го нападнал со неколку тупаници во пределот на главата и го изнел надвор од објектот, а потоа во физичкиот напад се приклучиле уште четири лица по што истите го удриле и со празни шишиња во пределот на главата.
На повредениот веднаш му била укажана лекарска помош од општата болница во Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Полциијата работи на расветлување на случајот.