Инцидент во локал – Едно лице итно пренесено во Општа болница Прилеп

fewgwegrehtrajryj

Тежок инцидент се случи вчера во бифе во с. Кривогаштани.

– Вчера околу 18.30 часот во бифе во Кривогаштани, прилепско, дошло до меѓусебна расправија помеѓу 41-годишниот М.Х. од с.Локвени и 42-годишниот Н.М.од с.Брезово, демирхисарско. Во еден момент Н.М. со нож му нанел убодна рана на М.Х. во пределот на левото белодробно крило. Истиот бил пренесен и задржан на лекување Општа болница Прилеп, соопштуваат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.