Најмалку едно момче е претепано вчеравечер во Тетово по мечот меѓу Албанија и Србија во Елбасан, јавува Пресс 24.
Очевидци за порталот тврдат дека поголема група влегла во тетовското кафуле Пина и почнала да го демолира. Гостите почнале да бегаат, а еден од нив се сопнал и паднал во летната бавча, по што бил нападнат од повеќе лица.
На местото пристигнла и полиција, но се уште нема официјала потврда од МВР за овој инцидент.