Информативна туристичка табла за прогласувањето на Маркукуле за споменик на природата, деновиве е поставена во центарот на градот. Со цел да се запознаат граѓаните, но и туристите за причините поради кои е направено ова прогласување, градските власти ја поставија оваа табла, и истата е на македонски и англиски јазик.
На таблата е објаснета местоположбата на локалитетот, растителните видови кои постојат таму, површината и.т.н.
Марковите Кули се нај автентичното место во градот, нешто по што градот е препознатлив и на далеку познат. Овој локалитет познат по специфичните облици на карпите, за кои се претпоставува дека се стари и до 700 милиони години, е вистинско ремек дело на природата, и како такво го краси Прилеп.