“Инфомакс”: Ќе се попишуваат како жители на Македонија и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија

Вицепремиерот Бујар Османи за „Клан Македонија„ најави дека ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија, пренесува Инфомакс.

-Во основа ги надминавме дилемите кои политичките партии ги имавме во организирање на пописот. Првично се договоривме пописот да се организира во 2020 година, со комбиниран метод што ќе значи не регистрирање на традиционален начин кога податоците ќе се добијат само од граѓаните во своите домови, туку првично ќе се искористат податоците од сите електронски бази на податоци кои ги имаат институциите, дали Министерство за внатрешни работи, Пензискиот фонд, Здравствениот фонд и други институции, рече Османи.

Тој образложи дека потоа тие информации ќе се проверуваат и дополнуваат на терен, по домовите на граѓаните.

-И ова е тој комбиниран модел што е еден стандарден европски модел. Во 2011, јаболко на кавга, беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако ви текнува тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија. Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин на Северна Македонија, независно дали живее овде или живее во странство, со тоа што доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата, ќе му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци, и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не, истакна вицепремиерот.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.