“Инфомакс”: ЦЕЛО СДСМ ЌЕ СВЕДОЧИ ПРОТИВ УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ: На 7 септември ќе сведочи Заев

Во петок, 31 август, во кривичниот суд во Скопје треба да почне доказната постапка во судењето за упадот во Собранието од 27 април 2017 година, кога треба да бидат сослушани првите четворица сведоци предложени од јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – пишува порталот “Инфомакс”.

Првите четворица пратеници кои се поканети да сведочат што се случувало критичната ноќ се пратениците Фросина Ташевска Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

За рочиштето кое е закажано за 6 септември покани ќе добијат Мухамед Зекири и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а на седми септември сведоци ќе бидат премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и Никола Тодоров и Весел Мемеди.

Меѓу 36 сведоци на Обвинителството ќе сведочат и Енес Ибрахим, Петар Атанасов, Катерина Кузмановска, Хари Локвенец. Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа. Обвинителството предложило и заштитен сведок.

На четвртото судско рочиште закажано за утре, по вовдниот збор за обвинетиот Горначе Ангеловски, ообвинетите ќе треба да кажат дали се чувствуваат за виновни.

Судијката која го води предметот, Добрила Кацарска, закажа 37 рочишта од 22 август до крајот на ноември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.