Денеска Скопје е преплавено со автобуси и комбиња со косовски регистарски таблици. Од наши извори дознаваме дека се работи за автобуси полни со косовари кои утре треба да го дадат својот глас за Северна. Се работи за истите оние кои имаат двојно, а некогаш и тројно државјанство, односно се дел од 150 илјади пасоши кои Бранко Црвенковски им ги подели за време на бегалската криза на Косово – пишува порталот “Инфомакс”.
Автобусите се фотографирани на паркингот кај Скопското Кале, а имаме информации дека биле инволвирани и во инцидент, односно додека еден од шоферите го перел својот автобус на паркингот, дошла полицијата да им пише казна. Шоферот и уште неколку лица го нападната полицаецот, а потоа ги смениле таблиците во косовски и направиле меѓународен инцидент – додаваат од “Инфомакс”.