“Инфомакс”: Македонскиот амбасадор во Германија сликан со албанско знаме

Која држава ја претставува амбасадорот на Република Македонија во Германија. Ckaндалозна фотографија се шири по социјалните мрежи на која се гледа Рамадан Назифи фотографиран со албанско знаме, пишува Инфомакс.

На фотографијата се гледаат и амбасадорите на Косово, Албанија со Албанско знаме во Берлин, можеби се договориле за Голема Албанија, кој знае, пишува порталот.

Ова не е единствен ckaндал во кој се споменува името на Назифи. Имено доколку ви треба услуга во македонската амбасада во Берлин, мора да го познавате албанскиот јазик, бидејќи вработените не знаеле да говорат на македонски, тврдат на социјалните мрежи нашинци од Германија. Во статус на Фејсбук, Македонка Димитрова вели со цел да се разбере понудила да зборува на уште три јазици, но вработените го познавале само албанскиот јазик.

-Да прашам нешто… на бројот од Амбасадата на Македонија во Германија се јавува лице кое зборува само албански. Не знам албански, па предложив англиски, турски или француски да зборуваме, толку јас знам… но нашата администрација не знаеше ниту еден јазик од понудените, ниту мојот мајчин јазик?! Што да се прави кога имате итна ситуација во Германија?, прашува Димитрова на Фејсбук

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.