“Инфомакс”: БЕГАЛСКИ КАМПОВИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Француски „Монд“ пренесува заклучоци од самитот на ЕУ во Бугарија на кој присуствуваше и Заев

На самитот во Софија кој се одржа пред неколку недели во главниот град на соседна Бугарија лидерите на ЕУ разговарале за отворање на бегалски кампови на Балканот, пренесува францускиот весник ,,Монд’’. На самитот присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев, но сепак во фокусот на македонските медиуми беше прашањето за името, па така останатите теми на самитот останаа речиси не забележани – пишува порталот “Инфомакс”.

Целта на мигрантските кампови кои би биле изградени на Балканот и во Македонија бибила, спречување на бегалците и мигрантите да влегуваат на територијата на Европската Унија. Ваквиот предлог според францускиот медиум потекнува од Данска и Австрија. Имено ова не е прв обид да се протурка идејата за изградба на мигрантски кампови надвор од земјите членки на ЕУ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак во повеќе наврати пред локалните избори предупредуваше дека постои можност и идеја за изградба на мигрантски кампови на територија на Македонија, а стравувањето на граѓаните е уште поголемо доколку се земе во предвид сервилноста на владата на СДСМ. Граѓаните во огромен број се против изградбата на вакви кампови на територија на Македонија и во повеќе наврати во повеќе градови се самоорганизираа и собираа потписи за да се спречи изградбата на мигрантски кампови. Владата на СДСМ минатата година донесе и стратегија за интеграција на бегалци и странци во Македонија од 2017 до 2027 година. Документот предвидуваше населување а мигранти на кои ќе им бидат давани државјанства, вработувања, бесплатно здравство и школство како и домување кое ќе биде обезбедно од држвата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.