Инфективното одделение во прилепската болница е со исполнет капацитет. Во одделението се сместени 30 пациенти, иако по новите протоколи за работа во услови на пандемиja од кopoнавиpycoт, одделението не смее да прими повеќе од 18.
Покрај немањето болнички кревети, прилепската болница се соочува и со недостаток на персонал. Четворица инфектолози и десет активни сестри, без централен довод на кислород со боци тешки над 30 килограми и без дополнителна помош деноноќно водат макотрпна битка за секој човечки живот.
Досега таму починaa 14 лица и тоа во болнички соби во кои лежат повеќе пациенти. Со 25 ново заболени во изминативе два дена од КОВИД-19 и 42 починати, Прилеп и натаму останува меѓу водечките градови во земјава по заразани од кopoнавиpycoт.
Друг проблем со кој се соочуваат е тоа што, тешко болните пациенти од Прилеп се праќаа во Клиничката болница во Битола, но и таму веќе не ги примаат. Додека пак во Скопје, можат да се испратат само пациенти, на прилично помлада возраст, до 40 години.
Од министерството за здравство, уште летово, беа најавени монтажни болници кои требаше да служат за третман на пациенти зapaзени од кopoнавиpycoт. Подготвувајќи се за лошово сценарио, кое веќе на почеток на есенва и се случува, министерот Венко Филипче најави дека монтажните болници ќе има во склоп на сите општи болници во државава.
– Подготвен е планот за надградување на капацитетите на болниците за есенските месеци. На почеток на август ќе ги почнеме и тие процеси, а тоа значи дека секоја од 16-те болници ќе добие монтажна амбуланта и мини одделение, каде ќе бидат сместени тие пациенти за целосно физички да се одделат пациентите болни од КОВИД и евентуално и други инфективни заболувања од останатите пациенти од постојните болници за да можат тие објекти нормално да функционираат, изјави Филипче во јули месец.
Но, еве до денес поминаа неколку месеци, ние веќе навлеговме во есента и лошото сценарио кое што властите го предвидоа веќе се остварува, а најавените монтажни болници никаде ги нема. На праг на есенскиот бран од корона вирусот, кој ќе биде придружен со сезонските вируси и настински, ние се соочуваме со преполни капацитетеи во болниците, истрошен и изморен, и така малку по борј, кадар. А, и како што е примерот со прилепските пациенти, во болници да се примаат само тешко болните на возраст до 40 години.