Инфективното одделение во Прилеп доби признание за справувањето со пандемиjaта од Koвид-19 (Фото)

Докторите специјалисти и медицинскиот персонал вработени во Инфективното одделение во прилепската болница, добија признание од Владата во знак на почит и благодарност за придонесот во справувањето со пандемиjaта од Koвид -19.

-Признанието доделено на нашата болница од Владата на Република Северна Македонија е во прави раце!

Денес Раководството на нашата болница го посети инфективно одделение и им честиташе на истрајноста,посветеноста и спроведувањето во пракса на новите протоколи за работа во однос на лекувањето на болните од Ковид!

Нашите инфектолози покажаа голема храброст и пожртвуваност и голем етички морал и посветено одговорија во справувањето со пандемијата дури и кога на некој не му изгледаше така.

Денес состојбата е порелаксирана,намален е бројот на болните па веќе размислуваме за посилна соработка на сите нивоа на здравствена заштита на институциите во земјава но и поголемо почитување на животната средина.

Честитки за инфективно,но честитки и за целиот здравствен и помошен кадар вклучен во негата и лекувањето на болните – напишаа од болницата “Борка Талески”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.