Интересен факт ни пренесе медиумот „ЕСПН“ кој вели дека на финалињата во 2006, 2010 и 2014 година бранеле голмани кој одреден период го чувале голот на Монако.
Така ќе биде и на годинешното финале каде голот на Хрватска ќе го брани Даниел Субашиќ кој во моментов е актуелен член на Монако.
Во 2006 година меѓу стативите на Франција беше Бартез кој од 1995 до 2000 година беше во Монако, потоа на следното Светско првенство за Холандија бранеше Стекеленбург кој потоа беше позајмен во Монако, за во 2014 година на голот на Аргентина да биде Серхио Ромеро.
Она што треба да го загрижува Субашиќ е фактот што тројцата голмани ги загубиле финалињата од Италија, Шпанија односно Германија. Дали истата судбина ќе го снајде и Субашиќ, останува да видиме.
The last three goalkeepers to lose a World Cup final have all played for Monaco.
Croatia’s Danijel Subasic plays for Monaco. pic.twitter.com/GIERG9UqPw
— ESPN FC (@ESPNFC) July 13, 2018