Интервjy со DarkoVlogs, “откачениот” македонски камионџиja во CAД кој секojдневно yспева да насмee над 83.000 лyѓе

Дарко Јефремов, или DarkoVlogs, e македонскиот забавен и откачен камионџија кој е дневна “терапија” за над 83.000 негови следбеници на Инстаграм. Секојдневните забавни сториња и видеа во изминатите 2 години го направија Дарко омилен јунак за огромна публика, па речиси невозможно е да се започне или заврши денот без да се посети неговиот профил на Инстаграм. Успеавме да го начекаме малку слободен и да направиме кратко интервју во кое тој кажува повеќе за себе.

Како започна “DarkoVlogs” и кога сфати дека профилот на Инстаграм ќе ти стане секојдневие, а не само место за повремени објави?

-Профилот DarkoVlogs го направив кога започнав да возам камион. Го направив од причина што ми беше досадно додека возев, па ова беше идеален начин да се искористи времето. Другата причина е тоа што навистина сакам да снимам клипчиња и сакам едитирање видеа. На овој начин настана профилот на Инстаграм. Имав обиди и на YouTube и на Фејсбук ама таму има различна публика. На Фејсбук ме правеа будала, а на Youtube ме замараа со политика. На Инстаграм има нормална публика која ги разбира шегите и смеата.

За тие што не знаат… Кој е Дарко Јефремов, како дојде во Америка, како стана камионџија и што прави Дарко кога не објавува сториња и вози камион?

-Во Амерка дојдов пред седум години. Како дојдов? Не важно во моментов, не сакам да објавувам сеуште. А зошто камионџија? Па претходно работев и како келнер и во канцеларија, но ваквата работа не ме исполнуваше, ниту финансиски, ниту ментално, бидејќи сум човек кој не може да стои во едно место. Па и голем дел од Македонците во Америка работат како камионџии, па си реков и јас ќе го работам ова. Откако се вратив во Америка постојано сум во камион. Планирам да работам уште една година и да се пензионирам. Доста е веќе. Ќе барам нешто во стилот “куча посо, посо куча”.

Деновиве гледаме дека возиш низ градови во САД каде има протести. Кажи ни што точно се случува во Америка, колку политиката има замешано прсти во целиот овој хаос и како на ова гледаат мнозинството Американци?

-Па протестите во Америка, исто како и протестите во Македонија, секогаш кога има избори и кога треба некоја Влада да се сменува, се случуваат овие работи. Протестите кои се случуваат во моментов со паролата “Black lives matters” поради полициската бpyталност, беа поддржувани се до моментот кога се вклучија оние организации како “Антифа”, поддржани од некои политичари и луѓе кои се против сегашниот претседател. Секаде има вмешано политика. Американците на медиумите ги гледаат само оние 2% што протестираат и што демолираат.

Дали трпиш критика и дали им одговараш на дежурните “хејтери”?

-Да, критики трпам, не ми е тоа некаков проблем. А и хејтери имам, но тоа е нормално кога некој ќе успее во нешто.
Оние што сакаат да имаат профил како DarkoVlogs, а не можат, нормално почнуваат да хејтаат. Тоа си оди со славата. Не сакам да се класифицирам како славен, но доколку тие ме сметаат за славен и успешен, слободно нека критикуваат. Секоја приказна има две страни, знаете. Не викам дека јас сум совршен, но некои луѓе едноставно не знаат зошто критикуваат.

Зошто Јувентус и што мислиш дали Јуве ќе ја освои Лигата на шампиони оваа година?

-Зошто Јувентус? Па за кој друг? Јувентус е NR1.

Следете го Дарко и смејте се секојдневно на неговиот Инстаграм профил




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.