Интензивно се работи на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1

_mg_9529

Деновиве со забрзано темпо се работи на изградбата на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1, се асфалтираат улиците и се поплочуваат тротоарите со бекатон плочки. Инвестицијата е тешка 8 милиони денари, а парите се обезбедени како донација од Светска банка.

_mg_9603

_mg_9593

„Досега се асфалтирани 380 метри од улицата во оваа зона, се градат тротоарите од двете страни на коловозот, а ќе се постави и улично осветлување. Со ова на еден начин од 80 до 90 проценти ќе биде инфраструктурно завршена оваа зона. После отворањето на погоните, кои интензивно се градат тука, во оваа зона ќе може да се отворат од 1.500 до 2.000 нови вработувања и мислам дека ова ќе биде вистински пример во Македонија како треба да изгледа една современа индустриска зона“, истакна градоначалникот Марјан Ристески.

_mg_9591

_mg_9552

Напоредно со оваа зона во тек се тендерски постапки за продажба на локации во индустриската зона Прилеп 2, каде што е предвидено да има 15 локации, а 5 локации веќе се продадени. Со продажбата и на останатите 10 локации, што се очекува да се случи до крајот на оваа година, од 2017 година се планира и во оваа зона да се започне со изградба на инфраструктура.

_mg_9629

_mg_9622

_mg_9603

Со изградбата на овие две индустриски зони како и ТИРЗ Прилеп, овој град станува еден од најинтересните региони во Македонија за привлекувањето на домашни и странски инвеститори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.