Продолжуваат интензивните археолошки ископувања на локалитетот “ЛОКВЕНСКО КАЛЕ” во општина Кривогаштани, каде што веќе се добиени првите резултати од ископувањето.
Веќе десетина дена се одвиваат археолошки истражувања на некрополата во местото викано “ЛОКВЕНСКО КАЛЕ”, во близина на населеното место Подвис во општина Кривогаштани. Од досегашните истражувања откриени се неколку гробови кои според материјалот и првичните сознанија на археолозите датираат од 2 век п.н.е до 4 век од нашата ера. Со овие наоди засега се потврдува континуитет на живот од 6 века.
Денес археолозите веќе работат на разоткривање на една поголема гробна конструкција од камен вкопана во карпа, за која дополнително ќе се произнесат за пронајдените материјали , изјави градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски.