Отсега ќе можете рачно да ги исфрлите луѓето од вашата листа на следачи.
Инстаграм ја тестира новата функција која ќе им овозможи на корисниците на платформата рачно да ги исфрлат луѓето од листата на пријатели.
Кога ќе влезете на листата и ќе ги исфрлите, тие веќе нема да можат да ги гледаат вашите фотографии, видео записи и приказни (Story), без известувања.
Засега, се чини дека експериментот е ограничен само на одредени јавни профили на Андроид – но големиот број луѓе кои ја добиваат новата функција постепено се шири.