Денеска, свечено, во Ски – центарот Нижеполе, со многу емоции и овации се одбележа еден несекојдневен и исклучителен момент, 88-от роденден на Димче Стојановски, нашиот најстар активен скијач, објавија од ски центарот „Нижеполе“.
„Нижеполе изгледаше посебно, незаборавно и во полн роденденски сјај. За него годините се само бројка, тој е инспирација за многу луѓе и навистина е среќен што успеал да ги види задоволствата и убавините што планините со снег му го овозможиле.
Неговата денешна роденденска забава ќе разубеди секого дека е престар за да направи нешто или пак дека во поодминати години нема да ужива во адреналинот. Ни беше огромна чест и задоволство да бидеме дел од славеничката атмосфера. Убаво е чувството кога ќе се споделат овековечени моменти со сведокот на историјата на скијалиштето Нижеполе. Му посакуваме секогаш да има весело расположение, добро здравје, сила да се спротивстави на тешкотиите и уште долго да го гледаме на скијачките терени“, велат од ски-центарот „Нижеполе“.