По една година СОУ “Ристе Ристески-Ричко” од Прилеп повторно има нов директор. На местото на досегашната директорка Цветанка Ѓорѓиоска која беше именувана во март минатата година и ја замени на оваа позиција Билјана Трајкоска, сега е именуван Тони Чадамов.
Чадамов е машински инженер и повеќегодишен професор во училиштето, а важи за човек со високи стручни познавања во предметите кои ги предава.