Шампионката со Koметал и поранешна репрезентативка на македонската женска ракометна федерација со поддршка за иницијативата “За заедничка Македонија”. На својот Фејсбук профил Индира напиша:
“Македонија навиваше за нас! Сега ние навиваме за заедничка Македонија!
Сум изиграла стотици натпревари со македонското знаме и грб на мојот дрес. Со колешките од репрезентацијата сме оставале срце на терен. Сме гинеле за секоја топка, за секој гол. Сме гинеле затоа што сме ја сакале и почитувале нашата Македонија.
Доста веќе не делат и не вртат едни против други. Македонија е една и единствена. Таква и ќе ја оставиме на нашите деца и внуци.
Сите заедно стоиме на црвено-жолтата линија на одбрана на нашата татковина!”
A.Г.