“Индекс24”: Џафери најави влез во претседателската вила, чека излезност под 40 %

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „Click Plus“ на ТВ 21 го објаснуваше процесот на избори во вториот круг како и потребниот цензус за успешни избори, пренесува порталот “Index24”.

Џафери најави дека доколку не биде постигнат цензус од 40% на 5 мај, на 12 мај тој ќе ја преземе функцијата претседател на Република Македонија.

Спикерот повика на масовна излезност в недела кога се одржува вториот круг од шестите по ред претседателски избори, а први по потпишувањето на договорот од Преспа.

Во вториот круг на изборите закажан за 5-ти мај, во трка за шеф на државата се Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.