Денес во ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“-Прилеп се одржа прес-конференција на која директорот Игор Николоски говореше за инвестициите во музичкото училиште од 2005 па наваму.
Инвестирајќи во музичкото образованието инвестираме во развојот на музичката култура на нашите деца. Раководниот тим на нашето училиште , со гордост може да зборува за бројните инвестиции кои се направени во нашето музичко училиште од 2005 па наваму. Преку годишните планирања, а во непосредна соработка и со советот на родители, нашите инвестиции се осмислени да ги подобрат условите за учење и работа на сите кои се дел од училиштето, а пред се на учениците.
Да почнеме со ред.
Со цел подигање на хигиената во училиштето извршена е целосна санација и реконструкција на санитарниот чвор, со целосна обнова и замена на дотраенате одводни и фекални цевки.
Реконструкција на покривот, замена на надворешната столарија и целосно изградени преградни ѕидови во новиот дел од училиштето .
Со цел заштеда на топлотна енергија, звучна изолација и подобар надворешен изглед, извршена е обнова на дотраената надворешна столарија од стариот дел на училиштето, исто така Реконструирана и обновена е фасадата, а притоа е задржана автентичноста на градската архитектура на објектот. За таа цел Локалната самоуправа издвои 900,000 денари.
Набавени се компјутери за секое дете и лаптопи за сите професори.
Со цел вклопување во еко стандардите и подобар естетски изглед на училиштето, реконструирано е дворното место со бекатон плочки.
Поставена е громобранска инсталација за заштита на објектот од електрични празнења.
Поставен е систем за централно греење во вредност од 600.000 денари.
За подигање на квалитетот на музичкото образоваие, набавено е ново полуконцертно пијано “ YAMAHA” во вредност од 1.183.000 денари.
Проектот вреден 3.000.000 денари, пари издвоени од локанланата самоуправа, опфати целосна внатрешна реконструкција на училиштето, како што се реконструкција на подовите, скаличниот дел и дотраената електрична инсталација. Исто така извршена е и целосна замена на внатрешната столарија со што училиштето доби нов непрепознатлив изглед.
Кога сето ова ќе го претвориме во бројки, во нашето училиште од 2005 година па се до денес инвестирани се повеќе од 6.000.000 денари.
Меѓутоа не застануваме тука. Нашето училиште продолжува понатаму со нови проекти а тоа се заштита на фасадата на новиот дел и партерно уредување на дворот од училиштето;
Менување на целиот внатрешен инвентар;
Нашето училиште исто така ќе продолжи континуирано да набавува нови инструменти со цел подобрување на квалитетот на наставата за учениците.
Нашето училиште активно учевствува на реномирани натпревари во државата и во странство. Организара семинари со врвни универзитетски професори, како што ќе бидат и следните семинари по пијано каде што ни гостува професор од факултетот од Република Словенија и семинар по народни инструменти на кој предавач ќе биде проф. Драган Даутовски.
За сето ова претходно наведено, Нам ни преставува особена чест и задоволство што работиме за интерес на нашите ученици, но и за градот и државата. На крај сакаме да се заблагодариме на локалната власт на чело со Градоначалникот Марјан Ристески, Министерството за образование и наука при Владата на Република Македонија, советот на родители,спонзорите, донаторите и сите кои придонеле за ваквиот развој на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“-Прилеп.