Веројатно бидејќи имаме поголемо срце од сите други, веројатно затоа што чувствуваме поголема хуманост од сите други, нашиот регион поминал своевидни трауми во блиско минато, па знае колку е важна помошта, посебно бидејќи ги знаеме сликите од фундаменталистички напливи, одземање на животот и сите страотни сцени кои ги имаме видено, кажа денеска премиерот Зоран Заев.
Тој истакна дека лицата кои ќе дојдат од Авганистан ќе добијат статус на времен престој за 90 денови.
– Немаме случаеви на барања на политички азил, но согласно меѓународно право ќе бидат разледани евентуални такви барања. Некои од бегалците кои ќе дојдат веќе најавиле дека веднаш ќе заминат во друга држава, други дека ќе заминат во рок од 15 дена. Но, сеедно, секој ќе добие времен престој во траење до 90 дена, кажа Заев.