Во комплексот ‘‘Езеро’’, на спортскиот терен за кошарка, непознати сторители ги уништиле кошовите.
Комуналците денеска поставија нови. Се замолуваат посетителите да внимаваат и ги чуваат детските игралишта, поставената комунална инфраструктура, спортските терени и летниковците – велат во соопштението од ЈКП Комуналец Прилеп.