Им порача на функционерите кои веат знамиња на други држави да одат таму и да бидат министри, па доби закани по живот

Младиот Умејр Муамеди кои пред неколку дена јавно им порача на функционерите кои истакнуваат знамиња на други држави да одат во тие земји да бидат функционери и од таму да земаат плата, доби закани по живот поради неговите ставови. Муамеди побара од МВР заканувачот итно да биде приведен.

„Некој си Bekim Berisha напишл дека поради моите лични ставови јас треба да бидам уништен. Барам од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и Oliver Spasovski истиот итно да биде приведен. Бидејки последиците можат да бидат поголеми и не се знае кој кого може да го уништи.“, напиша Муамеди на фејсбук.

Во продолжение и ФБ статусот на младиот магистер на правни науки со кој доби огромни симпатии и поддршка:

-Не ми е јасно како се дозволува во институција на Р.Македонија да се истакнуваат знамиња на други држави. Зимаш плата од оваа држава (плус патувања, кола службена итн ако си во повисока функција) а во канцеларија носиш знаме од Албанија, САД, Турција, Србија итн. Зошто тогаш не одите во тие земји да бидете директори, министри, градоначалници итн? Приватно можеш да се чувствуваш како сакаш но Држава и Националност се два различни поима. Немам почит за ниту еден министер, директор, градоначалник итн, кој дозволува во инстутицијата со која раководи да се истакнуваат знамиња различни од државното знаме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.