Кога конкуренцијата, условно кажано ќе ти симне капа знаеш дека си успеал. Токму ова му се случи на екс премиерот Никола Груевски кој доби невидено признание од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ во своето гостување во емисијата „Петта ноќ“ говорејќи за високото ниво на странски инвестиции во Република Србија истакна дека со години се „мачел“ да пронајде стратегија да ја порази политиката за привлекување на странски инвестиции на тогашната Влада на Република Македонија.
Тој истакна дека Груевски имал одлична политика бил многу способен и имал многу способни министри.
-Вие кога идете накај Белград широк автопат, Нови Сад автопат, кога го обиколувате Краљево, Ниш, Крушевац па сите фабрики јас ги отворив. Сите фабрики ние ги донесовме. Ние ги донесовме инвеститорите, направивме добра политика. Не мачеше Груевски. Јас година и половина барав стратегија за него. Затоа што беше многу способен, имаше способни министри. Имаше добра политика на привлекување инвестиции, не мачеше, лутавме, година дена како да најдеме подобра програма, политика и ги поминавме им ги земавме сите инвеститори. Сега веќе никој ништо не ни зима, сите инвестираат во Србија. Имаме 61, 62 проценти од вкупните инвестиции во Западен Балкан, вели Вучиќ.