-Во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно женско лице за сума од околу 824.000 денари.
Според пријавеното, таа се претставила како адвокат и сопственик на правно лице од Битола и ги довела во заблуда дека ќе им овозможи да купат стан кој бил на лицитација со учество од 30% од вкупната сума на чинење на истиот и дека останатите 70% ќе бидат платени од државни пари.
Парите во три наврати и биле дадени на рака на неа и на уште едно лице, а исто така им дале и изводи од матична книга на родени и копии од нивни лични карти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.