ИМПРЕСИВНА СТАТИСТИКА НА КАПИТЕНОТ ЛАЗАРОВ ВО ДОСЕГАШНИОТ ТЕК НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

32309274555_824883ac13_z-1Maкедонија стигна и до втората последователна победа во групната фаза од Светското првенство во Франција. Совладани се репрезентациите на Тунис и Ангола, а главниот збор во двата натпревари го имаше нашиот капитен Кирил Лазаров.

Ракометарот на Барселона и предводникот на македонската репрезентација постигна 22 погодоци и реализираше 12 асистенции на првите два натпревари и има учинок од 79% реализација.

Навистина импресивно и страшно звучат бројките на Кире за наредните противници.

Во првиот натпревар Лазаров дури 12 пати ја тресеше мрежата на Тунис, што секако беше причина за големиот пресврт во последните минути. Десетте погодоци против Ангола можеби беа рутински, но говорат за расположеноста на нашиот капитен пред вистинските тестови во наредните три натпревари од групната фаза.

Во предвид треба да се земе и тоа дека Лазаров одигра 32:47 минути по натпревар, а во нападот покажа страшна креативност и пружи вистинска мотивација за останатите играчи во составот на Македонија.

Капитенот немаше промашување ниту на линијата од 7 метри, каде реализираше 10 од 10 од ударите.

Словенија спреми се, Кире е расположен и во неверојатна форма.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.