Името на туристичката кампања “Македонија вечна” променето во “Северна Македонија вечна”

За да не ги повредиме чувствата на соседите, се откажуваме од самите себе.

Промотивната туристичка кампања “Македонија вечна” сепак не беше “вечна”. Согласно со Преспанскиот договор земјава го промени името на кампањата во “Северна Македонија вечна”.

– Власисте на балканската држава инвестираа во скапа промотивна кампања, претставувајќи ја атичката македонска историја како своја, заборавајќи да ја напишат географската одредница во слоганот “Македонија вечна”, пишува грчкиот портал Прототема.

Спотовите за туристичка промоција беа снимени во 2008 и 2009 година и беа објавувани во познати светски медиуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.