Грција побарала од организаторот на Олимписките игри да биде сменета кратенката МКД во официјалните документи на Олимпијадата, и Бразил наводно ветил дека тоа ќе биде корегирано.
– Веќе интервениравме за прашањето за Скопје, затоа што Бразилците ја викаат Македонија, и не информираа дека тоа ќе се корегира, изјавил за „Катимерини“ Исидорос Кувелос, кој ја предводи грчката олимписка мисија.
И весникот „Етнос“ вчера информира дека тоа што бразилскиот организатор на Олимписките игри на официјалниот сајт го употебил името „Македонија“ наместо „ФИРОМ“, предизвикало бурни реакции од грчка страна.
– И покрај јасните инструкции од Грчкиот олимписки комитет дека соседната земја треба да се пишува како ФИРОМ, Бразилците го користат ‘МКД’ и рефренците на тоа име, особено на официјалниот сајт на Рио 2016“, пишува „Етнос“.
Според весникот, „прашањето го покренало Министерството за надворешни работи кое го информирало Кувелос и тој побарал да се користи името што е признаено од страна на ОН и Меѓународната олимписка комисија“.