Гест за почит и за секаква пофалба! Девојка од Прилеп си го заборавила новчаникот во бутик “ДАК”, кој се наоѓа во Старата прилепска чаршија, а сопствениците јавно ја побараа на ФБ за да и’ го вратат.
За среќа сопственичката на новчаникот брзо беше пронајдена, а за уште поголема среќа на ова општество во кое живееме, се уште има луѓе кои во себе имаат “човечлук”.