Започна да се спроведува проектот за изградба на фекална канализација за собирање отпадни возди и постројки за нивни третман во преспанските населени места: Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница.
Проектот во вредност од седум милиони евра е финансиран од ЕУ и кофинансиран од Програмата за развој на Обединетите нации.
Во моментов се работи на канализационите мрежи во Претор и Брајчино, а проектот треба целосно да се спроведи до 2027 година.
-Овој проект е еден од најголемите во нашата држава, премногу значаен за локалното население, за заштита на животната средина и за туризмот во овој крај. За мала општина ова е огромен проект. Ќе градиме шест канализациони системи, а инфраструктурниот проект опфаќа и други активности со кои ќе добиеме подобар квалитет на услугите за населението, заштита на животната средина и ќе го унапредиме туризмот во Преспа, изјави градоначалникот Тозиевски.
Преспанскиот регион во изминатите неколку години се соочува со вистински егзодус, најмногу поради повлекувањето на водата на Преспанското Езеро, но тука секако е недостатокот на реална стратегија за развој на овој регион и повторно заживување и враќање на туристите.