Барселона во историскиот натпревар го порази ПСЖ со резултат 6-1. Резултатот го отвори Суарез во 3 минута, а во 40 минута Курзава постигна авто-гол и екипите заминаа на пауза со резултат 2-0 за Барселона. Во 50-та минута Меси стрелаше од пенал за 3-0 за Барса.
По голот на Кавани во 62-та минута никој не веруваше дека Барселона ќе се радува на крајот од натпеварот, но “Каталонците” го направија она што никој до сега го нема направено. Од 88-та минута до крајот на натпреварот постигнаа три гола.
Што се однесува за другиот натпревар, беше лесен погодок за овој “типер”. До 60-та минута Дортмунд водеше со 3-0 и веќе се беше јасно.