Има аутизам и е слеп, а на сцената ги освои срцата на целиот свет: Ваков моќен настап немаат ниту најголемите ѕвезди (ВИДЕО)

22-годишниот Коди Ли од Калифорнија, настапи на најновото издание од талент шоуто “Америка има талент” и успеа да ги освои симпатиите на публиката и жирито.

Коди е слеп и дете со аутизам, но и покрај тоа неговиот глас и талент се неверојатни. Него на сцената го придружуваше неговата мајка Тина, која објасни дека нејзиниот син љубовта кон музиката и талентот за пеење го развил уште на најрана возраст.

Неговиот настап едноставо ги освои срцата на сите, а од Габриел Јунион доби “Golden Buzzer”, што директно го води Коди на шоуто во живо во Холивуд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.