Македонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, успеа да се пласира во осминафиналето на јуниорскиот турнир на “Вимблдон”.
Калин успеа во второто коло да го порази Литванецот, Едас Бутвилас со 2-0 (7-6, 7-6 во сетови).
Ивановски во осминафиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Бразилецот, Жоао Виктор Коуто Лоуреиро и домашниот тенисер Џак Пинингтон Џоунс.
Ивановски се натпреваруваше и во двојки, каде вчера за жал загуби. Македонскиот тенисер играше заедно со хрватскиот тенисер Мили Полјичак, а загубија од шпанско-јорданската двојка Ринкон-Шелбах со 2:0 (6:4, 6:4).