Имал динамит да го крене цело село во воздух: Кај 63-годишник пронајдени 22 пакувања со експлозив (ФОТО)

Денеска (05.09.2023) во 06 часот во с.Митрашинци, беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б. (63) во с.Митрашинци.

При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил. Б.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.