Животното и стручно искуство на нашите највозрасни сограѓани, пензионерите, претставува неисцрпен извор на идеи за развој на Прилеп – напиша на ФБ Горан Сугарески, при денешната средба со дел од пензионерите од Прилеп.
-Со прилепските пензионери разговаравме околу нивните предлози за подобрување на условите во пензионерските клубови, за регулирањето на статусот на пензионерскиот станбен фонд, како и за нивните размислувања околу одредени сообраќајни и инфраструктурни решенија во градот.
Пензионерите, недвојбено и во секој поглед ја имаат нашата почит, затоа што споделуваме заедничка грижа: обезбедување на подобри услови за живот на идните генерации и поколенија.
Во изминати 4 години, Владата предводена од #СДСМ на дело и со конкретни мерки покажа како се работи посветено на унапредување на квалитетот на живеење на највозрасната категорија на граѓани, која го вгради својот работен век во нашата заедничка иднина – напиша Сугарески.
Инаку Прилеп е град во кој моментално има над 12.000 пензионери.