Илјадници луѓе излегоа на марш во Варшава – запалено знамето на ЕУ (ФОТО)

По повод прославата на Денот на независноста на Полска и 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна, околу 200.000 луѓе прошетаа низ Варшава.

Нив ги следеа националисти. Како што пренесе АП, националистите извикувале „САД – империја на злото“, „Смрт за непријателите на татковината“, „Посла – нема и католичка“, додека членовите на националистичката Сеполска младина, го запалија знамето на ЕУ.

Повеќето носеа знамиња на полска, но поединци мафтаа со ултрадесничарски знамиња, меѓу кои и припадници на италијанската „Forca nuovu” чиј лидер Роберто Фиоре јавно се изјасни како фашист.

Националистите запаилија стотина факели и фрлаа петарди.

На чело на колоната граѓани беа претседателот Анжеј Дуда и премиерот Матеуш Моривијецки, а војниците пред нив носеа огромно знаме со натпис „За тебе, Полска“.

„Нека ова биде наш заеднички марш, нека биде марш на кој сите сакаат да присуствуваат и да се чувствуваат добро“, рече Дуда.

Тој на моменти воопшто не се гледал од чадот од факлите.

На зградите, автомобилите и автобусите во полската престолнина беа закачени знамиња,а граѓаните положија цвеќе на гробот на таткото на полската независност, Јозеф Пилсудски.

Претходно Дуда и Моравијецки ја одбележаа и 100-годишнината на независноста на Посла и Денот на примирје во Првата светска војна пред споменикот на незнајниот јунак во Варшава.

Насобраните точно на пладне, мафтајќи со полски знамиња, ја пееја државната химна во придружба на воен оркестар.

Дуда во својот говор повика на национално единство.

Претседателот на Европскиот совет, поранешниот полски премиер Дoналд Туск, ја обележа 100 годишнината од полската независност со полагање венец на споменик со личности од полската историја кои по Првата светска војна учествуваа во обновата на државноста на таа зeмја.

Туск кој е противник на полската десничарска влада, изјави дека политичките несогласувања околу иднината на Посла понекогаш и преислни, но вели „нашата врска е многу силна и поважна, а тоа си ти Полска“.

Извор: “Лидер”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.