Илјадници ирански војници пристигнаа во Сирија со поддршка за Асад

sirija-alepo-640x396

Илјадници ирански војници пристигнаа во Сирија и се придружија на сириската војска на Асад и на сојузниците Хезболах со цел да се отпочне со копнен напад против бунтовниците во Алепо.

Илјадници ирански војници пристигнаа во Сирија и се придружија на сириската војска на Асад и на сојузниците Хезболах со цел да се отпочне со копнен напад против бунтовниците во Алепо, јавува британски „Телеграф“.

Контролата врз градот Алепо како и неговата околина во близина на границата со Турција е поделена помеѓу сириските власти, бунтовничките групи што се против Асад и џихадистите на ИД што контролираат одделни рурални области во близина на градот.

Јасно е дека во тек се подготовките за големата битка. Има голема мобилизација од страна на сириската војска, елитната војска на Хезболах и илјадници Иранци што пристигнаа во последните неколку дена, велат претставници на власта за Ројтерс.

Џихадистите на ИД и другите бунтовнички групи, меѓу кои и групите спонзорирани од надворешните непријатели на Асад се бореле еден против друг во северниот дел на градот во областа каде Турција и САД се обидуваа да ја срушат ИД која контролира голем дел од територијата на Сирија и Ирак.

Офанзивата, што се очекува да почне наскоро, ќе опфати копнен напад врз бунтовниците во провинцијата Хама на крајниот запад. А во оваа офанзива ќе се вклучат и илјадници ирански борци кои се приклучиле кон борбата против ИД.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.