Илинден со чуден владин симбол: Повторно изоставени националните симболи и името на државата

Наместо Македониумот, споменикот кој ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, Владата годинава со помалку чуден симбол го одбележува Илинден. На него ниту е споменато името на државата, ниту пак Крушевската република, само пишува „Победа за сите- Илинден“ – објави “АЛФА ТВ”

Токму симболот предизвика бура реакции во јавноста. Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии се прашува на кого му текнало да прави нов знак за Илинден, кој според неа личи на 3 оџаци или 3 лего коцки во боички.

–Не дечки, кога имате ваков силен симбол за најважниот датум за македонската држава не си играте дизајнери по дома со боички и коцки. И секако може да го користите името Илинден, не морате Македониум. Среќен празник Илинденци. За жал секој ден покажуваме дека не си ја сакаме државата. Од фрлање ѓубре на улица до погубни политики, пишува Трајкоска.

На ден Илинден, кога се слават херојствата на македонските револуционери, Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Никола Карев, Ченто и многу други, во својот говор по повод овој празник, техничкиот премиер Спасовски со име не спомена ниту еден македонски револуционер. Но одлучи да се пофали дека во духот на илинденците бил потпишан договорот за добрососедство со Бугарија. Договор со кој бугарската страна бара Македонија да го признае Делчев како Бугарин.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.