Икона на светите Елена и Константин со честица од Светиот Исусов Крст изложена во храмот Св. Петка во Прилеп – Верниот народ се поклони и побара здравје и спасение (ФОТО)

Денес, за време на светата богослужба во храмот „Св. Петка“, пред верниот народ беше изложена иконата на светите рамноапостоли Константин и Елена, во која е вградена честица од светиот Крст на кој беше распнат нашиот Спасител – Господ Исус Христос.

По завршувањето на богослужбата, мноштво верници со длабока побожност и солзи во очите пристапија да се поклонат и целиваат пред овој свет и животворен дар. Верниот народ непрекинато доаѓа во храмот, носејќи во срцата молитви исполнети со надеж за исцеление од телесни и духовни болести, за поткрепа во страдањата, за утеха во тагата и за благослов и мир во домовите и семејствата.

-Овој благослов од Крстот Господов е голема милост за нашиот град, за храмот „Св. Петка“ и за целиот македонски народ.Го повикуваме секого што чувствува потреба за Божја близина и потпора да пристапи со вера и страв Божји. Крстот Христов е наша сила, наша надеж и наше спасение – стои во соопштението од храмот Св. Петка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.